Најтажната приказна досега од Токио: Шестмина полски пливачи се враќаат дома, ги повеле по грешка

Од:

Полскиот олимписки тим по грешка испрати повеќе пливачи на Олимпијадата во Токио, па шестмина од нив само што пристигнаа во јапонската престолнина мораа да се вратат дома.

Полска првично испрати 23 пливачи за претстојните олимписки дисциплини, но мораше да го редуцира нивниот број на 17 поради правилата за квалификации на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Претседателот на Пливачката федерација на Полска, Павел Сломински, јавно се извини за пропустот и рече оти го разбира гневот на пливачите, кои мораа да се вратат од Токио.

– Изразувам големо жалење, тага и горчина поради ситуацијата. Такво нешто не смееше да се случи. Реакциите на пливачите, нивните емоции и критиките на адреса на Пливачката федерација се разбирливи и оправдани, истакна Сломински.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски