Тренерот на бундеслигашот Лајпциг, Јулијан Нагелсман стана најмладиот фудбалски стручњак во историјата на Лигата на шампионите кој ја помина првата рунда од плејофот. Нагелсман го предводеше Лајпциг до четвртфиналето со наполнети 32 години и 231 ден.
За разлика од него, Мурињо трет пат во низа не го помина осминафиналето. Неговиот Тотенхем синоќа загуби од Лајпциг со 3:0 и не успеа да влезе во четвртфиналето.
Претходно, под водство на Португалецот во сезоната 2014/15 Челзи загуби од ПСЖ, а во сезоната 2017/18 Манчестер јунајтед беше елиминиран од Севиља.