Надал: УС Опен е важен, иако јас не учествувам

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде мислење по повод УС Опен, иако неделава објави дека нема да учествува на северноамериканскиот Гренд слем турнир.

Како што рече, тој не сака да се соочи со ризикот што го предизвикува пандемијата на коронавирус.

– Тоа се уште ќе биде голем турнир, со голема титула. Не сум толку арогантен да мислам дека УС Опен нема да биде важен, бидејќи јас не доаѓам. Точно е дека неколку големи имиња нема да бидат таму, но кој и да победи на турнирот, не треба да биде помалку горд отколку да беше било кој претходен Гренд-слем, вели 34-годишниот тенисер.

Минатогодишниот победник на УС Опен нема да се бори за својата петта титула во Големото јаболко оваа година, но ќе го гледаме на неговиот омилен турнир – Ролан Гарос.

Се разбира, под услов турнирот да се одржи.

– Верувам дека ќе се одржи Ролан Гарос. Размислувам за тоа и се подготвувам за тоа, но ќе мора да видиме што ќе се случи, како ќе се одвива сè, затоа што ситуацијата се влоши во изминатите неколку недели. Се надевам дека ќе бидам таму доколку се обезбедат услови. Тоа е мојот план, додаде Надал, кој го освои 12 пати турнирот, вклучувајќи ги и претходните три сезони.

Ролан Гарос треба да стартува на 27 септември, само две недели по крајот на УС Опен.

Би можело да ве интересира

Пекол за Надал во Париз, Алкараз и Синер пред финалето

Надал никогаш поемотивен: „Моето тело веќе долго време испраќа сигнали…“

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ