Надал обезбеди осминафинале на Вимблдон

Од:

Четвртиот носител на Вимблдон Рафаел Надал (Шпанија) успеа да се пласира во осминафиналето откако попладнево во меч од 3.коло го победи Карен Качанов од Русија со 3-0 во сетови.

Надал во следната рунда ќе игра против Жил Милер од Луксембург, кој со истиот резултат беше подобар од Британецот Алјаз Бедене.

Во осминафиналето ќе играат Роберто Баутиста Агут (Шпанија) против Марин Чилиќ (Хрватска). Агут беше подобар од Кеи Нишокори (Јапонија), а Чилиќ го победи Американецот Стив Џонсон.

Пласман во осминафиналето има изборено и Беноа Пер, а тој ќе игра во следното коло против победникот од мечот Енди Мареј – Фабио Фоњини што е во тек. Кај мажите треба да се одиграат уште два меча од денешната програма.

Во мечевите кај жените од 3.коло победи и пласман во осминафиналето остварија: Ана Коњух (Хрватска), Јелена Остапенко (Летонија), Елина Свитолина (Украина), Џоана Конта (Велика Британија), Каролине Гарсија (ФРанција), Викторија Азаренка (Белорусија) и Симона Халеп (Романија).

Утре на програмата се другите дуели од 3.коло во двете конкуренции.

Би можело да ве интересира

Надал никогаш поемотивен: „Моето тело веќе долго време испраќа сигнали…“

Надал подобар од Де Минор во Мадрид, се реваншира за поразот од Барселона

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен