Шпанските тенисери Рафаел Надал и Марк Лопез го освоија златниот олимписки медал во конкуренција на двојки.
Надал и Лопез до олимпиското злато стигнаа со победата во финалето над романскиот тандем Хориа Течау и Флориан Мергеа во три сета со 6-2, 3-6, 6-4.
За Надал ова е второ олимписко злато, откако во Пекинг 2008 година триумфираше во поединечна конкуренција. Некогаш најдобриот светски тенисер ќе има можност да освои и втор медал, бидејќи веќе обезбеди пласман во полуфиналето во поединечна конкуренција.
Во дуелот за бронзениот медал Американците Стив Џонсон и Џек Сок беа подобри од Ваниел Нестор и Васек Посписил од Канада совладувајќи ги со 2:0 по сетови 6-2 и 6-4.