Организаторот на третиот Грен слем турнир оваа сезона, Вимблдон, ги објави листите со носители во двете конкуренции. Поранешниот прв светски рекет Рафаел Надал се најде дури на 10.место на носители.
Очекувано во машка конкуренција прв носител е Новак Ѓоковиќ, втор Роџер Федерер, трет Енди Мареј. Според тоа голема е веројатноста Надал уште во осминафиналната фаза да се сретне со еден од првите тројца носители.
Кај тенисерките прва носителка е Серена Вилијамс.
Турнирот стартува на 29 јуни, а три дена порано е жерпката за „Вимблдон 2015“.