Над 330 ученици од основни училишта од Македонија, денеска учествуваат на државното првенство во атлетика за основни училишта кое се одржува на атлетскиот полигон кај средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово.
Државното првенство во атлетика го организираат Федерацијата на училишниот спорт во Македонија во соработка со општинскиот сојуз на спортови, атлетскиот клуб од Куманово, со поддршка на Атлетската федарција на Македонија и е под под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.
Учениците се натпреваруваат во седум дисциплини, трчање на 100,200,400,800,1000 метри, скок во далечина, скок во височина, штафетно трачање во машка и женска конкуренција.
– Досега не сме имале ваков голем интерес на учениците кои доаѓаат од скоро сите градови од државата.Станува збор за најдобрите ученици кои што претходно се селектирани. Денешниот одѕив влева надеж дека македонскиот спорт има добра иднина, изјави претседателот на државната федерација на училишен спорт на Македонија, Александар Туфекчиевски и додаде дека Куманово со години е домаќин на државното првенство во атлетика.
Претседателот на општинскиот училишен спорт Куманово,Ивица Ѓорѓиевски, изјави дека на денешното првенство учествуваат ученици од 48 училишта од 20 града од државата.
– Атлетиката како спорт ќе заживее како спорт насекаде во Македонија, рече Ѓорѓиевски.
Инаку, на претходното државно првенство кое се одржа во Куманово учествуваа 180 атлетичари, а денеска таа бројка е речиси двојно зголемена.