Шампион на Англија, екипата на Манчестер Јунајтед ќе заработи над 100 милиони фунти само од телевизиски права.
Како што објавија од Премиер лигата, тимот на Манчестестер Јунајтед за неодамна завршената сезона, заработил рекордни 60,8 милиони фунти од телевизиските права.
Градскиот ривал на „црвените ѓаволи“ екипата на Манчестер Сити сезоната ја заврши со добивка од 58,1 милион фунти.
По дуото од Манчестер следуваат трите екипи од Лондон.
Иако, Челзи беше третопласиран на табелата пред Арсенал и Тотенхем, сепак „сините„ според заработката се на петата позиција.
Добивката на Арсенал е 57,11 милиони, на Тотенхем 55,9 милиони, а на Челзи 55 милиони фунти.
Ова се должи на поголемата застапеност, број на ТВ преноси во Англија од натпреварите на Арсенал и Тотенхем во однос на Челзи.
Очекувано со најмала заработка заврши тимот на Квинс Парк Ренџерс (39,8 милиони), кој не успеа да се избори за опстанок во Премиер лигата.
Сепак оваа добвка на водечките пет тима не е конечна, бидејќи во неа не се вкалкулирани и партите кои клубовите ќе ги добијат од УЕФА за нивните настапи во европските купови.
Се очекува дека на име на ТВ права, Манчестер Јунајтед сезоната 2012/2013 ќе ја заокружи со добивка над 100 милиони фунти, откако тимот од „Олд Трафор’’ ќе ги добие парите од УЕФА за неговиот настап во Лигата на шампионите.