На женскиот дел од турнирот на Вимблдон со комплетирањето на мечевите од второто коло синоќа не се случија поголеми изненадувања и елиминации на фаворитките.
Од фаворитките Каролине Возниачки, Петра Квитова, Агнешка Радванска мечевите ги решија со 2:0 во сетови, додека Јелена Јанковиќ и Сабине Лисицки беа подобри од ривалките со 2:1 во сетови.
Единствено руските тенисерки Светлана Кузнецова и Екатерина Макарова го завршија настапот во втората рунда по поразите од Кристина Плишкова (ја победи Кузнецова) и Магдалена Рибарикова (ја победи Макарова).
Денеска ќе се одиграат првите дуели од третото коло, а настап ќе имаат сестрите Вилијамс, Марија Шарапова и Викрорија Азаренка.