На тренингот на Ѓоковиќ во Париз присуствуваа повеќе од 5.000 луѓе

Од:

Повеќе од 5.000 луѓе денеска го посетија тренингот на Новак Ѓоковиќ на теренот Сузан Ленглен во Париз, каде Србинот во понеделник ќе го започне учеството на Ролан Гарос, Грен слем турнирот кој го освои во 2016 и 2021 година.

Спаринг партнер на Ѓоковиќ на денешниот тренинг беше Русинот, Карен Хачанов, а видеата од социјалните мрежи покажуваат дека мнозинството присутни на трибините дошле да го бодрат Србинот и да му дадат поддршка пред походот за освојување на 23. Грен слем титула, а трето во Париз.

Српскиот тенисер во понеделник ќе го одигра првиот меч во Париз, а противник ќе му биде Американецот Александар Ковачевиќ.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата