На Охридското Езеро по 34-ти пат Малиот пливачки маратон

Од:

Вкупно 35 пливачи од сите градови на Македонија ќе учествуваат на Илинденскиот пливачки маратон што традиционално по 34-ти пат денеска ќе се плива на Охридското Езеро.

Пливачите поделени по две старосни категории и тоа до 16 и од 16 до 35 години ќе ја пливаат 2,5 километарската патека од кај поранешниот хотел „Парк“ до Градското пристаниште во Охрид.

Стартот на маратонот е предвиден за 10 односно 10.15 часот, а пристигнувањето на првите пливачи на целта е некаде половина час подоцна. Иако манифестацијата е од отворен карактер и очекувањата на организаторите беа дека настанот ќе побуди интерес барем кај клубовите од соседството, оваа година изостанаа натпреварувачи од странство. Единствен кој има потекло од Македонија, а доаѓа од Холандија, е Димитар Камнаровски. Охрид на „малиот маратон“ ќе биде претставуван од двајца пливачи и тоа Ангела Тасеска и Јован Наумоски од клубот „Охридски бранови“.

Минатата година на Илинденскиот пливачки маратон најуспешни беа нашиот Андреј Стојаноски и русинката Александра Умурзакова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е