На Светското првенство во фудбал во Бразил, топката не „ја допираат“ само фудбалерите.
Имено во градот Бело Хоризонте, во југоисточниот дел на земјата, група проститутки, заедно со членките на една американска евангелистичка организација, ја демонстрирале својата вештина во водење на топката.
Цел на „пријателскиот натпревар“, кој го одиграа против локалната универзитетска екипа е да се сврти вниманието на јавноста на почитување на нивните права.
Организиран на маргините на средбата Колумбија-Грција (3-0), натпреварот е одигран во една мала улица, обоена за таа прилика во зелено.
– Правата мора да бидат исти за сите. Не смееме да бидеме игнорирани само затоа што сме сексуални работнички. Дискриминацијата мора да престане, изјави една од учесничките во натпреварот, кој е одржан под мотото „Наши права, наша борба“.
Натпреварот, кој проститутките го загубија, заврши во весела и опуштена атмосфера.