Фудбалската репрезентација на Хрватска од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побарала 20 топки со кои во петок ќе се игра натпреварот на арената „Филип Втори“.
Во практиката, фудбалските сојузи имаат обврска топките на гостинските репрезентации да им ги обезбедат за тренинзите, во случајов, кога Хрватска ќе допатува во Скопје.
Сепак од ФФМ позитивно одговориле на ова барање на Хрватите.
Македонија и Хрватска, во петок, со почеток во 20:15 часот, ќе го одиграат натпреварот од третото квалификациско коло за пласман на Мундијалот во Бразил.