На „Етихад“ топли пијалаци ќе се служат во чаши за јадење

Од:

Манчестер сити објави нов формат за послужување пијалаци на стадионот „Етихад“. Од оваа сезона топли пијалаци ќе се служат во чаши за јадење. Тие ќе бидат направени од вафли слични на оние што се користат за корнети за сладолед.

Оние кои не сакаат да ја јадат чашата, можат да ја фрлат во контејнер за компостирање.

Исто така, „Етихад“ сега ќе служи пиво во чаши изработени од хартија и картон, материјал што ќе биде целосно погоден за обработка.

Клубот ја припишува промената на желбата целосно да се елиминира пластиката што не се рециклира во услужната индустрија на стадионот и со тоа да придонесе во заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска