На Ериксен поткожно ќе му биде вграден срцев дефибрилатор

Од:

Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, кој поради срцев удар изминатиот викенд колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска во рамки на ЕУРО 2020, се согласил со лекарското мислење да му биде вграден под кожата кардиовертер дефибрилатор што ќе помага во работата на неговото срце.

– По различни испитувања на кои Кристијан беше подложен, одлучено е дека тој би требало да носи вграден дефибрилатор, соопшти денеска Данската фудбалска федерација.

„Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам“, изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.

Би можело да ве интересира

Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар

Ана Ололовска

Ериксен излезе од болница, една недела откако „го остави срцето“ на теренот

Жарко Настоски

Нашите му посакаа брзо закрепнување на Ериксен, поздравот го прати капитенот Пандев

Жарко Настоски

Ериксен се огласи од болница: Добро сум, колку што е можно со оглед на околностите

Ана Ололовска

Ериксен утре излегува од болница и сака да го гледа мечот Белгија – Данска

Катерина Ѓуровски