Нашите му посакаа брзо закрепнување на Ериксен, поздравот го прати капитенот Пандев

Од:

Македонските фудбалски репрезентативци денеска преку капитенот Горан Пандев му посакаа брзо закрепнување на данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој во сабота колабираше на теренот откако претрпе срцев удар за време на натпреварот од ЕУРО2020 против Финска.

– Чао Кристијан. Поздрав од мое и од името на моите колеги. Ти посакуваме што поскоро закрепнување и те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе, порача капитенот на македонската репрезентација Пандев во видеообраќањето до Ериксен.

Данските лекари соопштија дека Ериксен за време на натпреварот против Финска доживеал срцев удар, додавајќи оти причината сè уште не е позната.

Самиот Ериксен денеска се огласи од болницата во Копенхаген, објавувајќи своја фотографија со кренат палец.

– Големо благодарам за вашите прекрасни и неверојатни поздрави и пораки од целиот свет. Тоа многу ни значи и мене, и на моето семејство. Добар сум, имајќи ги предвид околностите, порача 29-годишниот Ериксен на официјалниот Твитер профил на данската репрезентација.

Би можело да ве интересира

Ангеловски и Пандев на прием во Агенцијата за млади и спорт

Ана Ололовска

„Марка“ го вброи Пандев меѓу ѕвездите на ЕУРО2020

Ана Ололовска

Пандев до Ангеловски: Шефе, благодарам е малку, го сплоти цел македонски народ

УЕФА ќе ја казни Македонија, репрезентативци ги прекршиле протоколите при тестирање во Амстердам

Жарко Настоски

Ван дер Варт: Прекрасно репрезентативно збогување на „македонскиот Јохан Кројф“

Ана Ололовска

Успех е самиот настап на ЕП, немам проблеми ниту со играчите, ниту со селекторот, вели Сејдини

Жарко Настоски