На последната етапа низ улиците на Париз, четврта година по ред победува Британската спринтерска ѕвезда и актуелниот светски првак Марк Кевендиш.
Во експлозивен финиш по коцките на Елисејските Полиња, Кевендиш позади себе ги остави освојувачот на зелената маица, Словакот Петер Саган и третопласираниот Мет Гос.
Во генерален пласман победа извојува 32-годишниот британски возач Бредли Вигинс, пред тимскиот колега Крис Фрум и Италијанецот Винченцо Нибали.
Ова е прва победа на еден Британски возач на најславната велосипедска трка, престижниот Тур д Франс.