На 46 години од срцев удар почина поранешен репрезентативец на Белгија

Од:

Поранешниот репрезентативец на Белгија, Седрик Русел, почина на 46-годишна возраст од срцев удар во саботата попладне.

Локалните медиуми јавуваат дека поранешниот играч на Ковентри починал на својата тераса, во родниот Монс. Брзата помош не успеала да го спаси.

Расел имаше долга играчка кариера во која играше во Стандард, беше член и на Гент, Ковентри, Вулверхемптон, Генк, Рубин од Казан, Бруше и многу други белгиски клубови.

– Ковентри Сити е со длабока тага кога слушна за смртта на нашиот поранешен напаѓач на само 45-годишна возраст. Седрик одигра 43 натпревари за небесносините од 1999 до 2001 година и постигна 11 гола. Нашето сочувство до неговото семејство и пријателите во овој многу тажен момент – се вели на официјалниот Твитер профил на Ковентри.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фудбалер на албанскиот клуб Игнатија почина на терен

Горан Наумовски

Издаден налог за апсење на познат фудбалер

Предраг Петровиќ

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Короман доби забрана да и се приближува на поранешната девојка

Горан Наумовски

Махрез заврши во болница

Почина фудбалер од БиХ: Излезе од болница, па е пронајден мртов

Горан Наумовски