МЗТ Скопје во септември на турнир во Турција

Од:

Шесткратниот македонски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, на почетокот од септември на покана на турскиот прволигаш Бујукчекмече ќе настапи на силен меѓународен турнир во Турција на кој покрај домаќинот ќе играат уште и екипите на Истанбул ББ и на Цибона од Загреб.

Полуфиналните пресметки ќе се одиграат на 6 септември, а според ждрепката „сино-белите“ ќе ги одмерат силите со организаторот за кого следната сезона ќе настапува македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски.

Финалето односно дуелот за 3. место ќе се одиграат еден ден подоцна.

Пресметките во турската престолнина ќе бидат одлична можност за новиот тренер на „металците“, Александар Тодоров, да ги провери можностите на својот тим пред настапот во АБА-лигата која стартува на 30 септември.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он