МЗТ Скопје се засили со репрезентативец на Холандија

Од:

Холанѓанецот со суринамски пасош, Шарлон Клоф (26 год., 190 см) е нов член на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска финишираа сите формалности околу потпишувањето на договорот, кој е со важност од една сезона.

Станува збор за кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој беше дел од селекцијата на Холандија на ланското Европско првенство (ЕП). Клоф на средбите од прелиминарната група во Загреб имаше просек од 16,2 поени, 4,6 скока и 3,2 асистенции, а на пресметката со Македонија, која заврши со триумф на жолто-црвените, реализира девет поени со пет скока.

Бекот во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на италијанскиот прволигаш Торино. Претходно, Клоф има играно во Турција, Грција како и во американската НЦАА-лига. 

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он