Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е првиот тим кој обезбеди пласман во финалето на Суперкупот на Македонија.
Актуелниот македонски шампион забележа убедлива победа со 83:50 против Фени Индустри во првиот полуфинален натпревар од завршниот фајнал-фор турнир кој се одржува во СЦ „Јане Сандански“.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Џошуа Скот со14 поени, додека Адем Мекиќ постигна 12 поени.
Кој ќе биде противник на МЗТ Скопје во финалето закажано за утревечер од 20:30 часот, ќе се знае по одигрувањето на вториот полуфинален меч меѓу Карпош Соколи и Куманово, кој ќе се игра вечерва од 20:30 часот.