МЗТ Скопје против Мега ќе ја надминува резултатската криза

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред својата публика ќе игра против Мега во дуел од 7.коло на регионалната АБА лига.

По двата врзани порази од Црвена звезда во АБА лигата и Блокотехна во домашното првенство, аеродромци во вечерашниот меч против Мега ќе треба да ја прекинат резултатска криза.

-Во ситуација сме кога треба да дадеме се од себе за да дојдеме до триумф со кој ќе ја прекинеме низата порази. Против себе имаме кој е во релативно слична ситуација како нас и кој исто така ќе влезе во голем императив за победа. Мега со години наназад е расадник на таленти и секогаш е тешко да се игра против млад состав кој е желен за докажување. Мора добро да одговориме на нивната агресивна игра, да го наметнеме нашиот стил и да пробаме да ги искористиме сите слабости во нивната дефанзива. Ако успееме во тоа, тогаш ќе бидеме блиску до посакуваната цел, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Тодоров.

Повратникот во тимот Марко Симоновски смета дека исходот на мечот ќе зависи пред се од самите играчи на МЗТ Скопје.

-Нашата шанса е во добра одбрана и во смирен и концентриран напад. Очекувам да одиграме подобро од претходните средби, а крајниот епилог на овој дуел најмногу зависи од нас самите. Очекувам да добиеме енергија од трибините, што и тоа како ќе биде значајно во оваа важна пресметка за нас, изјави Симоновски.

По шест одиграни натпревари двете екипи имаат по две победи и четири порази, идентично како и Задар и Олимпија кои вчера ги одиграа своите средби од оваа рунда. Мега се наоѓа на 11.место пред МЗТ Скопје кој е последен дванаесетти.

Дуелот МЗТ Скопје Аеродром – Мега ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он