МЗТ Скопје против Цедевита во натпревар од АБА лигата

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и гостува на Цедевита во натпревар од 21.коло на регионалната кошаркарска АБА лига. Натпреварот во Загреб ќе започне од 17 часот и е еден од двата кои ќе се играат денеска.

Во вториот дуел, Црвена Звезда во Белград ќе му биде домаќин на градскиот ривал Партизан.

На натпреварите одиграни вчера беа постигнати следниве резултати: Шолнок – Унион Олимпија 89:72, Сплит – Крка 61:71 и Будуќност – Широки 65:57.

Последните два натпревари од ова коло ќе се одиграат утре, а двојките се: Игокеа – Задар и Раднички – Цибона.

Табела: Игокеа 15-5 (победи-порази), Црвена Звезда 14-6, Партизан 13-7, Будуќност 13-8, Раднички 12-8, Цедевита 12-8, Унион Олимпија 11-10, МЗТ Скопје Аеродром 10-10, Крка 9-12, Цибона 7-13, Задар 7-13, Широки 7-14, Сплит 7-14 и Шолнок 6-15.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он