МЗТ Скопје поразен од Партизан

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром претрпе пораз на гостувањето кај Партизан во меч од 15.коло на регионалната АБА лига.

На натпреварот одигран вечерва во Белград, МЗТ Скопје загуби од Партизан со 91-76 по четвртини 24:24, 23:18, 16:14 и 28:20.

Аеродромци беа рамноправни само во првата четвртина која заврши нерешено 24:24, но од стартот на втората па се до крајот на мечот домашните кошаркари постојано го контолираа резултатот и на крајот сосема заслужено се радуваа на дванаесеттата победа сезонава. Ова беше единаесетти пораз за МЗТ Скопје во АБА кокуренцијата.

Во редовите на македонскиот првак најефикасен беше Стефан Синовец со 20 поени, додека Џош Скот покрај 15-те поени имаше и 11 скокови. Јовица Величковиќ со 21 поен беше најефикасен во редовите на Партизан, воедно и на натпреварот.

Во првиот меч од ова коло, екипата на Игокеа го совлада нашиот втор претставник во АБА, Карпош Соколи со 79-71.

Утре ќе се играат два натпревара: Мега Лекс – ФМП и дербито во Загреб меѓу Цедевита и непоразената Црвена звезда. За во понеделник закажан е мечот Задар – Будуќност, додека колото ќе биде комплетирано во вторник со средбите Крка – Олимпија и Морнар – Цибона.
Табела: Црвена звезда 14-0 (победи-порази), Партизан 12-3, Цедевита 10-4, Цибона 10-4, Будуќност 10-4, Игокеа 8-7, Олимпија 6-8, Карпош Соколи 4-11, МЗТ Скопје 4-11, Задар 5-9, Крка 5-9, Морнар 4-10, Мега Лекс 4-10 и ФМП 4-10.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он