Боби Митев повеќе не е тренер на МЗТ Скопје, информација би требало и официјално да ја потврдат челниците на македонскиот првак.
Поразот од Будуќност и пред се незалагањето на голем дел од кошаркарите во првото полувреме од оваа средба беше причина Митев на прес-конференцијата по мечот јавно да проговори за разочарувањето од настапот на своите играчи.
Тој воедно додаде дека е подготвен да си замине од клубот доколку тоа би помогнало МЗТ да се извлече од кризата, солуција што според непотврдените информации била прифатена од страна на управата на клубот.
Во таборот на „металците“ се посјајно гори „црвеното светло“ за аларм поради очајните игри во АБА-лигата, но и променливите настапи во домашното првенство, каде МЗТ беше неприкосновен во претходните три години.