Раководството на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром одлучи влезот за средбата со Тајфун која може и формално да му го обезбеди опстанокот во АБА лигата, да биде бесплатен.
– За престојниот меч против Тајфун кој е закажан за петок (26.02.2016) со почеток од 20 часот, влезот ќе биде бесплатен за сите љубители на кошарката, информира клубот од Аеродром.
„Сино-белите“ кои во неделата во Гевгелија го освоија Купот на Македонија, очекуваат поголема поддршка од трибините во обидот со победа да го обезбедат опстанокот во регионалната лига.
По 24 кола МЗТ Скопје е на 9.место со ефект 9 победи и 15 порази, исто како и екипите на Игокеа, Крка и Металац (10-12 место.) Сутјеска е претпоследна со биланс 8-16, а следниот противник на аеродромци, тимот на Тајфун е последен со скор 7-17.