МЗТ Скопје ќе го брани трофејот во купот

Од:

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист во кошаркарскиот Куп на Македонија, откако вечерва во полуфиналната пресметка со Фени Индустри забележа победа од 74:66. По четвртини 18:13; 27:19; 13:11 и 16:23.

Само во почетните три минути кавадарчани имаа минимална предност, а потоа македонскиот шампион го превзема водството кое го одржуваше во текот на целиот дуел не доведувајќи ја победата во прашање во ниту еден момент.

По вечерашниот триумф, аеродромци утре ќе играат трето куп финале по ред и ќе имаат можност да го бранат трофејот освоен минатата година во ова натпреварување.

Најефикасни во победничкиот состав беа Дамјан Стојановски со 16 и Кирил Николовски со 14 поени

Во екипата од Кавадарци Бојан Трајковски со 14 и Душан Кнежевиќ со 13 реализации се издвоија од останатите играчи.

Вечерва од 20 часот и 45 минути во СЦ „Борис Трајковски“ во второто полуфинале ќе играат екипите на Куманово и Кожув.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он