Со разултат 77 за МЗТ Скопје наспроти 72 за Цибона од Загреб, заврши првото историско појавување на македонски кошаркарски клуб во јадранската АБА лига.
Последната минута беше прилично напната за “металци“, во која макеоднските коѓшаркари се трудеа да го задржќат водството над двоејниот европски шампион Цибона од Загреб.
Иако првото полувреме го завршија со фантастични 10 поени прендост (27 -37), кои за време на третата четвртина достигнаа и 15 поени плус, “аеродрмоците“ како да ја загубија концентрацијата во текот на последната четвртина.
Сепак со жестока битка во последната минута, македонскиот шампион триумфираше во спортскиот дом на југословенската кошаркарска легенда, спортската сала “Дражен Петровиќ“ на разочарување на хрватската публика, а на радост на малкумината фанови на МЗТ.
Ако по утрото денот се познава, првата победа на МЗТ над Цибона, која во клупскиот ормар има складирано дури 40 трофеси ветува светла иднина за првиот македонски клуб кои некогаш играл меѓу најјаките во јадранската лига.
Следниот меч екипата на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го игра пред својата публика, в среда на 3 октомври, во спортската сала Борис Трајковски против екипата Широки брег.
Цибона – МЗТ Скопје 72:77
ЦИБОНА: Кус 4, Зубчиќ 17, Масиќ 6, Картер 3, Марцинковиќ, Вер 2, Розиќ 1, Јагодиќ 4, Стробери 7, Жижиќ 10, Хамилтон 16, Ковачевиќ.
МЗТ СКОПЈЕ: О. Стојановски 3, Мијајловиќ 5, Грнчаров, Д. Стојановски 12, Гечевски 8, Николовски, Чековски 13, Николиќ 6, Марковски 3, Дејвис 21, Далман 6.