МЗТ Скопје гостува во Крагуевац

Од:

Со натпреварот во Крагуевац каде македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе му гостува на Раднички, вечерва ќе биде комплетирано 17.коло во регионалната кошаркарска АБА лига. Почетокот на овој дуел е во 20 часот и 30 минути.

МЗТ Скопје во моментов е на петтата позиција на табелата со учинок од 9 победи и 7 порази, додека Раднички има биланс 8-8 и е седмопласиран.

На овој натпревар тренерот на „аеродромци“ Алеш Пипан нема да може да смета на услугите на Ѓорѓи Чековски кој е повреден.

Постигнати резултати на другите натпревари од ова коло: Цибона – Крка 78:86, Сплит – Игокеа 60:68, Широки – Партизан 87:80 и Будуќност – Шолнок 88:63, Црвена Звезда – Цедевита 90:65 и Олимпија – Задар 88:81.

Табела: Игокеа 14-3 (победи-порази), Црвена Звезда 12-5, Партизан 11-6, Будуќност 10-7, МЗТ Скопје Аеродром 9-7, Цедевита 9-8, Раднички 8-8, Унион Олимпија 8-8, Крка 7-10, Сплит 7-10, Цибона 6-11, Широки 6-11, Задар 6-11, и Шолнок 4-13.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он