Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во рамките на 3 коло од регионалната АБА лига гостуваат во Белград кај тимот на Партизан.
Металците со половичен успех во првите две кола, пораз од Унион Олимпија и убедлив триумф над Металац, го очекуваат дуелот со сезонава драстично подмладениот состав на Партизан во салата „Пионир“ во Белград.
Дел од тимот на Партизан е плејмејкерот Александар Цветковиќ кој во претходните две сезони го носеше дресот на шампионот од Аеродром, а, во составот на „црно-белите“ е и македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски.
Предводникот на Металац, Владимир Џокиќ по убедливиот пораз во Скопје, истакна дека МЗТ Скопје е фаворит во дуелот со Партизан.
Натпреварот Партизан – МЗТ Скопје Аеродром почнува во 21 часот.