МЗТ Скопје го промовираше новото засилување Соколов

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дарко Соколов во следните 18 месеци ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска ја официјализира соработката со шесткратниот шампион.

– Со ангажирањето на Соколов добивме дополнителен квалитет на бековската позиција, што и тоа како ќе биде важно во преостанатиот дел од сезоната во која сино-белите бркаат опстанок во АБА-лигата и двојна круна на домашна сцена. Станува збор за искусен кошаркар кој имаше играно за екипи како Вардар, АМАК-СП, Струмица, Фени Индустри, Работнички и Карпош Соколи од каде што доаѓа во нашите редови, соопшти тимот од Аеродром.

Соколов веќе има искуство со настап во дресот на „металците“ и тоа неколку месеци во 2009 година. Неговото деби се очекува на средбата против Цедевита на почетокот од следниот месец.

Управата на клубот информира за раскинот на договорот со Американецот Ерик Гарсија, кој веќе извесен период е надвор од првиот состав на МЗТ Скопје Аеродром.

– Соработката е прекината со обострана согласност и сите во нашиот табор му посакуваат среќа во понатамошната кариера, информираат од „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он