Нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа 11. победа во 23-то коло од АБА лигата совладувајќи го составот на Задар со 94:69 (46:46) во СЦ „Борис Трајковски“.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одлично го започнаа овој дуел, каде по 5-6 минути активна игра веќе имааа двоцифрена предност 17-7. Ова двоцифрено водство „металците“ го оддржуваа во првата четвртина, со стабилна игра во своите редови, сепак првата четвртина заврши со 8 поени предност за нашиот шампион 28:20.
Во втората четвртина избраниците на Алеш Пипан продолжија со добра игра каде постојано беа во водство од 8 поени, сепак во финишот на првото полувреме се опуштија каде падна нивната концентрација, а гостите од Задар го изедначија резултатот кој на полувреме гласеше нерешени 46:46.
Во третата четвртина гостите започнаа со водство кое не траеше многу долго, нашите кошаркари рутинирано со фантастичното бодрење од најверните „Фемили Аеродром“ имаа 13 поени предност 73:60.
Веќе во четвртата четвртина МЗТ Скопје ја демонстрираше својата сила и со убедлива игра докажа дека многу полесно му оди со хрватските тимови во ова натпреварување. На крајот заслужен убедлив триумф од 94:69.
Кај нашиот тим најефикасен беше Ѓорги Чековски си 29 поени, Тодор Гечевски реализираше 25 поени, надополнети со 8 скока, додека Дамјан Стојановски уфрли 14 коша.Кај Задар Иванов беше најефикасен со 13 поени.