Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, потешко од очекуваното, славеа победа со 79:71 над Фени Индустри во меч од Првата македонска лига.
Ова беше првиот натпревар по три неделната пауза во кошаркарскиот шампионат на Македонија, и тоа заостаната средба од 11.коло.
На дуелот одигран попладнево во СЦ Јане Сандански, шампионот до единаесеттата победа го предводеа, Марко Луковиќ со 21, Ѓорѓе Дреновац кој постигна 18 и Дамјан Стојановски кој придодаде 10 поени.
За гостите од Кавадарци, Кирил Николовски и Карло Враговиќ постигнаа по 19 поени,а Миладин Пековиќ беше стрелец на 12.
Со овој триумф МЗТ се врати на врвот на табелата, во пресрет на продолжението на сезоната, односно дуелите од 13.коло кои се предвидени за претстојниот викенд.
Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 7-5, Фени Индустри 6-6, Кожув 6-6, Работнички 5-7, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .