Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Игокеа, водечката екипа во регионалната кошаркарска АБА лига. Токму со овој натпревар кој ќе се игра вечерва од 20 часот и 30 минути во „СЦ Борис Трајковски“ ќе започне 22.коло од ова натпреварување.
Евентуална победа за МЗТ Скопје Аеродром ќе значи и зголемување на шансите за пласман во горниот дел на табелата и освојување место кое обезбедува учество во некој од евро-куповите.
За утре се закажани три натпревари: Цибона – Сплит, Шолнок – Цедевита и Партизан – Унион Олимпија.
Крка – Црвена Звезда и Задар – Будуќност своите средби ќе ги одиграат во недела, а овој круг ќе ниде заокружен в понеделник со средбата Широки – Раднички.
Табела: Игокеа 16-5 (победи-порази), Црвена Звезда 15-6, Будуќност 13-8, Раднички 13-8, Партизан 13-8, Цедевита 12-9, Унион Олимпија 11-10, МЗТ Скопје Аеродром 11-10, Крка 9-12, Цибона 7-14, Широки 7-14, Задар 7-14, Сплит 7-14 и Шолнок 6-15.