МЗТ Скопје домаќин на Будуќност

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва пред својата публика го пречекува составот на Будуќност, второ пласираниот тим во регионалната кошаркарска АБА лига.

За овој натпревар од 16.коло кој ќе започне од 21 часот, влезот во СЦ „Јане Сандански’’ ќе биде бесплатен.

Покрај оваа средба денеска се играат уште два меча и тоа, Партизан – Цедевита и Унион Олимпија – Црвена звезда, а за в понеделник закажан е дуелот меѓу Цибона – Мега Лекс.

На синоќешните одиграни натпревари, Металац ја победи Крка со 69:67, а Солнок како гостин славеше против Игокеа со 71:66.

Дуелот меѓу Левски и Задар кој требаше да се игра вчера е одложен поради зафатеност на салата во Софија во која настапува бугарската екипа.

Табела: Црвена звезда 15-0 (победи-порази), Будуќност 12-3, Цедевита 11-4, Унион Олимпија 8-7, Партизан 8-7, Цибона 8-7, Солнок 7-9, Металац 7-9, Крка 6-10, Мега Лекс 7-8, Задар 7-8, Игокеа 5-11, МЗТ Скопје Аеродром 5-10 и Левски Софија 1-14.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он