МЗТ Скопје Аеродром со нови сили во новата сезона

Од:

Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром со реконструиран и подмладен тим ќе настапува во новата сезона, најнапред во АБА лигата, а подоцна и во домашното првенство.

Директорот на клубот Видоја Секуловски, информира дека сезонава буџетот на кубот е околу 400.000 евра,  двојно помалку во однос на претходната година. Тоа е и главната причина поради која екипата во најголем дел се насочи кон младите играчи.

Би сакал да им се заблагодарам на оние кои дадоа свој придонес, пред се на Гечевски, Чековски, Дамјан Стојановски и Костоски. Сезонава почнуваме со драстично намален буџет, но очекуваме да ги повториме ланските успеси дома, а во АБА-лигата да бидеме подобри, изјави директорот Секуловски.

– Би сакал да им се заблагодарам на оние кои минатата сезона дадоа свој придонес за остварување на резултатите, пред се на Гечевски, Чековски, Дамјан Стојановски и Костоски. Сезонава почнуваме со драстично намален буџет, но очекуваме да ги повториме ланските успеси дома, а во АБА лигата да бидеме подобри. Го ангажиравме Змаго Сагадин, со кого потпишавме две годишен договор, а тој треба да работи со овие млади играчи и кој ќе треба да вади нови ѕвезди во интерес на клубот и на македонската репрезентација’, изјави Секуловски на денешната прес-конференција.

Новиот тренер на сино-белите, Сагадин ќе има тешка задача особено во регионалната АБА конкуренција, но и тој не го криеше оптимизмот.

– Мило ми е што дојдов во Македонија, во добар и организиран клуб како МЗТ Скопје. Тимот е доста млад, но со неколку искусни кошаркари бидејќи АБА лигата е трета по силина во Европа и е тешко да се направи добар резултат и истовремено да се произведуваат млади играчи. Во моментов е невозможно да се процени каде котираме на регионален план бидејќи ниту ние си ја знаеме силата ниту, пак, знаеме нешто повеќе за најголем дел од клубовите. Вистинските подготовки ги почнуваме денеска бидејќи првпат ќе ги имам на располагање сите играчи на кои ќе сметам за следната сезона. Домашната лига ќе биде искористена за шанса на младите играчи, а АБА лигата за остварување на добар резултат, изјави Сагадин.

Иако веќе одреден период тимот тренира, сепак вистински подготовките започнуваат сега имајќи в предвид дека конечно тимот се комплетира.

По десетдневните подготовките во Маврово „Аеродромци“ продолжуваат во Скопје каде ќе започнат и со контролни  пријателски натпревари.

Стручниот штаб ма македонскиот шампион покрај Словенецот, Сагадин, ќе го комплетираат и тренерите:  Боби Митев, Александар Јончевски, Златко Јанакиевски како и легендата на македонската кошарка, Врбица Стефанов кој ќе има двојна улога во тимот, спортски директор, а ќе биде задолжен за селекција на млади таленти, пред се онаа до 20 години.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он