МЗТ Скопје Аеродром гостува кај Задар

Од:

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје вечерва играат еден од клучните натпревари за опстанок во АБА лигата и со триумф на гостувањето кај Задар ќе обезбедат опстанок во ова натпреварување. Евентуален пораз нема да значи и испаѓање бидејќи до крајот на АБА лигата „металците“ ќе играат дома со Тајфун (последнопласирана екипа) и на гости против евролигашот Цедевита.

МЗТ Скопје по 23 одиграни кола има 9 победи, додека нивниот вечерашен ривал Задар има една победа повеќе. На првиот натпревар одигран во Скопје, Задар победи со 72:60. Македонскиот шампион ќе биде ослабен на овој дуел бидејќи тренерот Александар Јончевски поради суспензија по пријавата од судиите по завршувањето на дуелот со Будуќност во понеделникот во Скопје е казнет со еден натпревар. Почетокот на вечерашниот дуел во Задар е во 20 часот.
На другите натпревари од 24.коло ќе играат: Тајфун – Партизан, Мега Лекс – Олимпија, Цибона – Крка (сабота), Црвена Звезда – Сутјеска, Цедевита – Металац (недела) и Будуќност – Игокеа (понеделник).
Табела: Будуќност 21-2 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Цедевита 17-6, Мега Лекс 16-7, Цибона 10-13, Партизан 10-13, Задар 10-13, МЗТ Скопје 9-14, Олимпија 9-14, Игокеа 9-14, Крка 9-14, Крка 9-14, Металац 9-14, Сутјеска 8-15, Тајфун 7-16.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он