Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром ја постигнаа и третата победа во низа откако во дуелот од 16. коло од АБА лигата попладнево го совладаа Партизан со 82:78. Резултатот по четвртини: 27:19; 14:21; 21:16 и 20:22.
Првата четвртина МЗТ Скопје ја реши во своја корист пред се благодарение на одличниот напад и постигнатите 27 поени. Но, на полувремето нашиот првак имаше само поен предност (41:40). Во 25. минута МЗТ Скопје имаше и двоцифрена предност (+11) 53:42. Сепак повеќекратниот шампион на АБА лигата Партизан успеа во четвртиот период и да поведе со 69:66. Во последните две минути кошаркарите на МЗТ Скопје предводени од Дамјан Стојановски и Марко Луковиќ беа поуспешни со 13:9 за конечен триумф.
Урош Луковиќ и Ѓорѓе Дреновац кај МЗТ Скопје со 20 односно 17 поени беа најефикасни, додека на дуелот најпрецизен беше Вилсон од Партизан со 21 поен.
Вечерва се играат натпреварите: Сутјеска – Олимпија и Игоека – Металац.
На вчера одиграните дуели: Цибона – Цедевита 69:81 и Крка – Тајфун 103:96 (по две продолженија).
Утре се играат натпреварите: Црвена Звезда – Задар и Мега – Будуќност.
Табела: Цедевита 13-3 (победи-порази), Будуќност 13-2, Црвена Звезда 11-4, Мега 10-5, Крка 8-8, МЗТ Скопје Аеродром 7-9, Тајфун 7-9, Задар 7-9, Цибона 6-10, Олимпија 6-9, Паризан 6-10, Игокеа 5-10, Металац 5-10, Сутјеска 4-11.