Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ослабен ќе настапи на утрешниот дуел од АБА лигата во Белград против Партизан.
Во текот на вчерашниот ден тренинзите ги пропушти репрезентативецот Марко Симоновски, поради влошена здравствена состојба (вирусна инфекција). По препорака на лекарите потребно е неколкудневно мирување во домашни услови.
Ова е само дополнителен удар за десеткуваниот тим со кој располага тренерот Анте Назор, во кој на претстојниот дуел со белградските „црно-бели“ нема да настапат Даниел Кларк (повреда) и Ксавиер Темс (семејна трагедија).
Местото во составот на Симоновски ќе го пополни младиот Мартин Милевски, за кого ова треба да биде прв настап во АБА лигата.