Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродорм ја постигнаа првата победа сезонава во АБА лигата откако попладнево во првиот натпревар на македонски екипи во ова натпреварување го совладаа Карпош Соколи со 74:71 (8:25; 16:6; 24:11 и 26:29). Тимот на Карпош Соколи остана единствената екипа без победа во АБА лигата.
Гостите Карпош Соколи подобро го почнаа дуелот и на крајот од првиот период го имаат највиското водство 25:8. Домаќинот пресвртот го навести во вториот период кога прими само шест поени, а поведе во 23 минута со 35:34. Тимот на Карпош Соколи изедначи десет минути подоцна на 50:50, а до крајот на дуелот МЗТ Скопје имаше минимална предност, која ја зачува докрајот.
Најефикасен на дуелот беше Кендрик Пери од Карпош Соколи со 22 поена, додека кај МЗТ Скопје Чарлтон Клоф постигна 14.
На првиот натпревар од 6.коло одигран денеска ФМП – Партизан 56:65.
Вечерва играат уште: Цедевита – Крка и Црвена Звезда – Игокеа.
На вчера одиграните натпревари: Олимпија – Цибона 72:89, Задар – Мега 90:86 и Будуќност – Морнар 85:68.
Табела: Будуќност 12 бода, Партизан 12, Цибона 11, Црвена Звезда 10, Задар 9, Цедевита 8, Морнар 8, Игокеа 8, ФМП 8, Мега 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Олимпија 6, Карпош Соколи 6, Крка 5.