Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја забележа првата победа во пресметката за шампионската титула со Кожув од Гевгелија.
Бранителот на титулата вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ славеше со 73:57. По четвртини: 16:22; 18:12; 23:11 и 16:12.
Гевгеличани имаа сила само за една четвртина да му пружат отпор на фаворизираниот противник. Триото Ноа Далман со 18 поени, Дамјан Стојановски со 16 и Кејд Дејвис со 15 поени беа најзаслужните за победата на „аеродромци“
Во поразениот тим само Димитар Караџовски имаше двоцифрен број поени – 11.
За освојување на шампионскиот пехар се потребни четири победи, а следниот натпревар ќе се одигра во Гевгелија на теренот на Кожув.