МЗТ потпиша со Американецот Тодрик Гочер, бек-шутер кој доаѓа од Бешикташ

Од:

Американскиот кошаркар Тодрик Гочер е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, со што воедно го комплетираа составот со кој ќе ја почнат новата сезона.

Станува збор за 27-годишен бек-шутер, кој во тимот доаѓа по сезона мината во силниот турски прволигаш Бешикташ, со кој настапуваше и во престижната Евролига. Гочер во турското првенство настапи на 23 средби со просек од 9,4 поени, 4,7 скока и 2,3 асистенции, додека во Евролигата на 16 меча просечно реализираше 10,8 поени, 3,5 скока и 1,6 асистенции.

Претходно има настапувано во два грчки тима и тоа Короивос и Ифаистос, како и за француски Шоле. Пред да дојде во Европа, во американската НЦАА-лига настапувал за престижниот Тексас Тек универзитет, каде што бил најдобар во тимот во последната година од студиите.

Гочер е третиот Американец на кој тренерот Ѓорѓи Кочов ќе смета во новата сезона, заедно со Феми Олуџоби и Хасани Гравет.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Историско финале за Феникс

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот

Петровиќ: Во првото полувреме одбраната ни беше шуплива како сирење