Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

Од:

Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ Скопје Аеродром и Чаир – настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите. Ова на својата Фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски по безбедносниот инцидент на вчерашниот натпревар кој беше прекинат поради напад од неофицијални лица врз тренерот и играчите на МЗТ Скопје Аеродром.

Тој потенцираше дека кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се спортски херои во Аеродром, а браќата Дамјан и Војдан вистински кошаркарски легенди, а задача и одговорност на сите е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.

„Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето на фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција“, истакна градоначалникот Муцунски во својата Фејсбук објава.

Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, тој побара од Кошаркарската федерација и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и нагласи дека неопходно е во иднина сите заедно да работиме на спречување на секоја форма на насилство и агресија на спортските терени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, волјата на народот за промена на власта е јасна

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

(ВИДЕО) Муцунски: Фридом хаус ја квалификува Македонија како цикличен хибрид, криминалот и корупцијата се главен проблем

Муцунски: Време е за почеток на важна фаза на промени, почнуваме со голем митинг утре пред Влада

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Николова: Доградбата и надградбата на ОУ Блаже Конески е капитална инвестиција на Владата, а не на Муцунски