МЗТ ги отвора врати за натпреварот со Цедевита

Од:

Како новогодишен и божикен подарок за сите вљубеници во кошарката, а во духот на традицијата од последните неколку години, управата на МЗТ Скопје Аеродром реши да овозможи бесплатен влез за првиот меч во новата 2017 година, кој на 2 јануари (понеделник) ќе го одигра со хрватска Цедевита.

– Станува збор за меч од 16. коло од АБА-лигата, кој е од исклучително значење за нашиот тим, поради што ќе ни биде драгоцена секоја помош од трибините со оглед на квалитетот на екипата која ќе биде од другата страна на паркетот, стои во соопштението од МЗТ.

„Сино-белите“ изминатиов период го одработеа максимално напорно и тоа под будното око на новиот кондиционен тренер Марио Мандир, а екипата полека се комплетира по долгата низа отсуства поради болести, повреди и семејни трагедии.

Марко Симоновски од денеска е повторно во стројот по еднонеделното отсуство поради грип, исто како и Шарлон Клоф кој поради истиот проблем ги пропушти последните неколку тренинга. На паркетот по подолго време и е Ксавиер Темс, кој завчера се врати од САД, а според најавите, дуелот со Цедевита ќе го пропушти само Даниел Кларк, кој се уште се рехабилитира од повредата на листот на ногата.

Натпреварот со хрватскиот гигант ќе се одигра во салата „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он