МВР подготвува посебни безбеносни мерки за натпреварот Македонија-Хрватска

Од:

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните во врска со претстојниот фудбалски натпревар меѓу националните селекции на Македонија и Хрватска дека ќе бидат преземни посебни безбедносни мерки со цел непречено организирање и одигрување на истиот.

Натпреварот е закажан за во петокот во 20,30 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје,

Меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, утре од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците “Ленинова“ и “Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници.

Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просто во непосредна близина на стадионот.

Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот Илинден кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска