Мурињо знаел за планот на Фергусон, но желбата му била Челзи

Од:

Жозе Мурињо кој по шестгодишна пауза се врати на клупата на Челзи изјави дека постоела можност тој да го превземе Манчестер Јунајтед и дека Фергусон му кажал дека ќе се пензионира неколку месеци пред објавување на веста во јавноста.

– Знаев за планот на Фергусон многу порано, но во ниту еден момент не се двоумев дека ќе се вратам во Челзи. Би одбил секаква понуда, па дури од Манчестер за да се вратам на „Стемфорд Бриџ“. Тоа му го кажав и на Фергусон. Чест ми е што тој ми се довери за неговата одлука, но исто така, Фергусон многу порано од другите знаеше дека јас се враќам во Челзи, изјави Мурињо.

Португалскиот стручњак првпат тренер на „сините“ од Лондон беше во периодот 2004-2007 година, а според новиот договор следните четири години ќе биде менаџер на Челзи.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска