Жозе Мурињо веќе го договорил своето враќање во Челзи и тоа ќе се случи на 1 јули, јавуваат медиумите во Англија.
Според овие информации, клубот и португалскиот стратег имаат договор да не даваат никакви изјави околу овој трансфер.
Враќањето на Мурињо во Лондон било договоренои на вчерашниот состанок во ресторанот на Челзи на кој сопственикот Роман Абрамовиќ на „специјалниот“ му понудил годишна плата од 10 милиони фунти.
Освен двоцифрената милионска сума, Мурињо како засилувања за почеток ќе ги добие и фудбалските ѕвезди Радамел Фалкао, Роберт Левандовски и Маруан Фелаини.
Доколку се покажат како точни овие шпекулации, Мурињо својот прв натпревар по „кам-бекот“ на клупата на Челзи ќе го има на турнејата во Тајланд на 17 јули.