Жозе Мурињо најави дека може да преземе клуб од Бундеслигата. Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед нема трпение да се врати кон тренерската професија и сам откри дека во моментов учи германски.
Неодамна Мурињо беше поврзуван со тимовите на Бенфика, Лион и Њукасл, но е сосема можно да ја избере Бундеслигата, штом веќе се обидува да го научи тешкиот јазик.
Освен тоа, никогаш не бил на чело на германски тим.
– Сега учам германски. Бундеслига? Учам германски, бидејќи не го зборувам. Знам англиски, шпански, португалски, француски и италијански јазик. Но не исклучувам ништо, дури ни Германија, рече Португалецот во интервју за „Газета дело Спорт“.
Откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември минатата година, Мурињо дејствува како аналитичар, но сега сака да се врати на тренерската професија.