Мурињо: Сезоната за нас сега ќе биде уште потешка

Од:

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, оцени дека на лондонскиот премиерлигаш му претстои уште потешка сезона по пласманот во нокаут фазата во Лига Европа.

Натпреварите од 1/16финалето во Лига Европа ќе се играат кон средината на февруари, а во меѓувреме, Тотенхем целосно ќе се фокусира на своите шампионски амбиции во Премиерлигата, каде поради згуснатиот календар го очекуваат седум натпревари во три недели.

-Дали со толку многу натпревари ќе морам да ги ротирам фудбалерите? Се разбира, невозможно е фудбалер да одигра толку многу натпревари во толку краток период, изјави Мурињо.

По 11 кола во Премиерлигата, Тотенхем е лидер со 24 бодови, колку што има и второпласираниот Ливерпул, а в недела го очекува гостување кај градскиот ривал Кристал Палас.

Би можело да ве интересира

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Лондонскиот клуб го доведе перспективниот Аргентинец

Тотенхем нема да го продаде Кејн на Баерн за 80 милиони евра

Сон и Кејн со по два гола за убедлива победа на Тотенхем

ВИДЕО: Рома ја освои Конференциската лига, Мурињо влезе во историјата