Португалскиот фудбалски стручњак Жозе Мурињо на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се врати во Англија. Според пишувањата во шпанските медиуми, Мурињо и претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез веќе потпишале договор за предвремен раскин на договорот.
Последната средба на која Мурињо ќе биде на тренерското место на „кралскиот клуб“ е финалето од Копа дел Реј на 17 мај или доколку Реал игра во завршницата на Лигата на шампионите, тогаш тоа ќе биде финалето од ова натпреварување закажано за 25 мај.
Се шпекулира дека ниту еден резултат и освоена титула нема да го задржи „Специјалниот“ во Мадрид независно дали тоа би бил триумф во Лигата на шампионите или домашниот куп.
Ниту фактот што во последните десетина дена Реал двапати ја победи Барселона, обезбеди финале на шпанскиот куп и го елиминира Манчестер Јунајтед во ЛШ, не ја смени одлуката Реал и Мурињо да ја прекинат соработката на крајот од сезоната.